Top Sport

Јувентус подготвени за правна битка со Леонардо Бонучи

Јувентус инсистираат дека ги почитуваат гарантираните права на своите играчи, но додаваат дека се подготвени за правна битка со Леонардо Бонучи, откако претседателот на асоцијацијата на играчи (АИЦ), Умберто Калкањо ги обвини дека го газат достоинството на својот фудбалер.

Бонучи, кој беше капитен на „бјанконерите“ во 2022/23 е „замрзнат“ во клубот и тренира посебно од главната група. Тој не беше дел од летната американска турнеја и иако има уште една година од договорот со клубот, не е во плановите на тренерот Масимилијано Алегри. Бонучи инсистира дека нема да замине и официјално побара враќање во тимот.

„Јувентус целосно ја потврдува коректноста кон сите свои регистрирани играчи и ги гарантира сите права кои се посочени во колективниот договор. Но, Јувентус исто така се подготвени да ја бранат легитимноста на своите одлуки пред сите судови“, велат од Јувентус.

Scroll to Top