Марсело по 13 години е подготвен да замине од Реал Мадрид. Бразилецот пред заминување беше и минатото лето но тогаш тренерот Зинедин Зидан стави вето на неговиот трансфер.
Марсело (31), во минатиот летен преоден рок се поврзуваше со Јувентус. „Страта дама“, според шпекулациите, повторно е фаворит за неговиот потпис.
Во Јувентус го сакаат Бразилецот бидејќи тој е добар пријател со Кристијано Роналдо и токму Португалецот е нивниот најголем адут во обидие да го привлечат левиот бек.
Италијанските медиуми тврдат дека челниицте на Јувентус имале намера да им ја претстават понудата за Марсело на колегите од Реал, меѓутоа поради пандемијата истиот не се одржа.
Актуелниот договор што Марсело го има со Реал истекува во 2022 година.