Top Sport

Јувентус подготвува чистка – Недопирливи се само четворица фудбалери

Елиминацијата од Порто, во осмина-финалето во Лигата на шампионите, ќе предизвика чистка во редовите на Јувентус. Прв на удар ќе биде Кристијано Роналдо, човекот кој пред неполни три години, дојде во Торино, на Јувентус да му ја донесе титулата во Лигата на шампионите.

Кристијано Роналдо, има договор до јуни 2022 година. Во ситуација на финансиска криза, неговата плата од 31 милиони евра е голем товар за клубот. Наводно во клубот сметале дека за платата што ја добива дека Роналдо не прави разлика на теренот.

Медиумите во Италија, тврдат дека во летниот преоден рок само неколку играчи и тренерот Андреа Пирло ќе бидат недопирливи. Матијас Де Лихт, Федерико Кијеза, Венстон Мекени, кого Јувентус минатата недела го откупи од Шалке за 18,5 милиони евра и голманот Војчех Шчесни.

Сите останати имаат дозвола да го напуштат клубот, вклучувајќи ги клупските легенди Бонучи, Кјелини и Буфон и ѕвездите Роналдо, Дибала, Артур, Рамзи, Рабио, Бентакур….

Извесно е дека Кјелини и Буфон ќе ги завршат кариерите, додека останатите ќе чекаат понуди од други клубови.

Scroll to Top