Top Sport

Јувентус понудиле размена, Рабио за Ериксен

Кратко ќе трае кариерата на Адријен Рабио во Јувентус. Поранешниот француски репрезентативец речиси целата мината сезона ја мина надвор од тимот на ПСЖ,а летово како слободен играч се пресели во Јувентус. За потписот на договорот тој доби богат бонус.

Летово Рабио се поврзуваше и со Барселона, односно Манчестер Јунајтед, меѓутоа неговата мајка која му е менаџер барала премногу пари само за потпис на договорот поради што двата клуба се откажале од него.

Сега на повидок е нова трансфер-сага на Рабио, кој е незадоволен од статусот што го има кај тренерот Маурицио Сари. Во досегашниот дел од сезоната тој има одиграно само 206 минути.

Толку бил незадоволен што сакал во јануари да го напушти клубот.

Италијанските медиуми објавија дека Јувентус биле подготвени да го вклучат Рабио во јануарскиот трансфер на Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Ериксен летото ќе биде слободен игра, поради што Тотенхем ќе се обидат да го продадат во јануари. Италијаните тврдат дека Јувентус биле подготвени да направат размена без доплата.

Прашање е само дали Рабиот ќе се согласи на ваква размена бидејќи лани во јануари тој изјави дека Тотенхем не клуб каде би играл бидејќи „немале шампионски амбиции“.

Scroll to Top