И со Кристијано Роналдо и Гонзало Игуаин во составот, новокрунисаниот италијански шампион Јувентус доживеа незгоден 2:0 пораз на гостувањето кај Каљари, додека Рома во трилер-меч со 3:2 беше подобра од Торино за да го обезбеди петтото место пред разиграниот Милан.
На „Сардења арената“, Каљари дојде во водство уште во осмата минута откако Лука Гаљано се најде на вистинското место и го совлада Џанлуиџи Буфон, а дека домаќините нема да дозволат камбек се покажаво 45. минута, кога Џовани Симеоне успеа да го измами Буфон за 2:0. Роналдо, пак, не успеа да се запише во листата на стрелците и сега заостанува пет гола зад Чиро Имобиле од Лацио во трката за „златната копачка“ во Италија и Европа.
Фиорентина со 4:0 ги прегази Болоња благодарение на хет-трикот на Федерико Киеза, а четвртиот гол за Виола го постигна Никола Миленковиќ.
Рома, пак, исто така прими рано гол, кога во 14. минута Алехандро Беренгер ги донесе „биковите“ во водство, но успеа да се соземе и преку Един Џеко (16.) и Крис Смолинг (23.) направи пресврт пред полувремето. Амаду Дијавара зголеми на 3:1 од пенал во 61. минута, а домаќините намалија на 2:3 преку Вилфрид Синго шест минути подоцна.
СЕРИЈА А, 37. КОЛО
Каљари – Јувентус 2:0
Фиорентина – Болоња 4:0
Торино – Рома 2:3
КАЉАРИ – ЈУВЕНТУС
ТОРИНО – РОМА
ФИОРЕНТИНА – БОЛОЊА