Поранешниот напаѓач на Наполи, Аркадиуш Милик ќе се врати во Италија. Играчот на Марсеј е на мета на Јувентус.
Јувентус се реши за Полјакот откако не успеа да го ангажира Мемфис Депај. Преговорите со напаѓачот на Барселона пропаднаа кога тој побара поголема плата и бонуси.
Милик веќе неколку трансфер периоди е на мета на Јувентус. Играчот има искуство во Серија А, што значи дека нема да има проблем со адаптацијата во италијанскиот шампионат.
Откако Алексис Санчез потпиша за Марсеј, Милик се пресели на клупата, па трансферот во Јувентус е многу реален.
Милик пет сезони играше во Наполи, на 93 натпревари постигна 38 гола.