Top Sport

Јувентус се откажаа од Пјаниќ, ќе го купат холандскиот талет Ихатарен

Јувентус се откажале од можноста да го вратат Миралем Пјаниќ од Барселона, и наместо тоа ќе потпишат договор со ѕвездата на ПСВ Ајндховен, Мохамед Ихатарен, тврди порталот „Гол“.

Пјаниќ се пресели во Барса од Јуве во „трампа“ со Артур минатото лето, потпишувајќи четиригодишен договор со каталонскиот клуб, каде што цело лето се обидуваат да го продадат откако го загуби местото во првиот тим.

Макс Алегри, кој претходно работеше со 31-годишниот босански репрезентативец од 2016 до 2019 дал зелено светло за договорот, но клубот решил да не се реши на таа обврска.

Наместо тоа, сигурно е пристигнувњето на тинејџерот Ихатарен на „Алијанц стадионот“ во договор вреден 6 милиони евра. 19-годишниот Ихатарен се смета за еден од најталентираните млади холандски фудбалери.

Scroll to Top