Top Sport

Лендо му честиташе на Ферстапен за „неверојатната“ трка

Возачот на Мекларен, Лендо Норис на најдобар начин ја покажа бизарноста на вчерашното Белгиско ГП, откако по откажувањето на трката во Спа, на шега му ја честиташе победата на Макс Ферстапен со „неверојатна трка“.

Бизарното Ф1 попладне во Белгија со силен дожд предизвика постојано одложување на трката, по што Ф1 одлучи да се извозат неколку круга зад безбдносното возило за да можат да се доделат пола поени. Така, Ферстапен, кој ја освои пол-позицијата беше прогласен за победник.

„Одлична трка, другару! Неверојатно возење. Ќе те стигнев за малку“, му порача Норис.

Scroll to Top