Top Sport

Јувентус се спогодил со обвинителството околу новата казна

Фудбалскиот клуб Јувентус за две недели го очекува уште едно судење. Јувентус на „црно“ ги плаќал играчите за време на пандемијата на вирусот Ковид-19.

Судењето е закажано за 15 јуни, но според италијанските медиуми, во текот на денот ќе биде објавено дека Јувентус се спогодил со обвинителството.

Имено, на црно-белите им е важно да избегнат ново одземање на бодови и од нула да го започнат следниот шампионат. Според медиумите договориле паричната казна да биде поголема, а да им бидат одземени најмногу два бода.

Исто така, клубот се обврзал дека дека нема да поднесе жалба на казната со која во теквниот шампионат им се одземени десет бодови.

Јувентус моментално е на седмото место на табелата кое води во Конференциската лига.

Во последното коло имаат шанса евентуално да дојдат и до место кое обезбедува пласман во Лига Европа, но тоа не значи дека следната сезона ќе играат во Европа.

Имено, големи се шансите да добија едно годишна суспензија од УЕФА, поради прекршоците кои ги направија и кои се докажани на суд.

Scroll to Top