Top Sport

Јувентус се во потрага по лев бек

Јувентус нема да го продолжат договорот со Алекс Сандро. Бразилецот кој беше еден од носителите на играта, од минатата сезона не е во потребната форма.

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Јувентус е решено да потпише нов лев бек во јануарскиот преоден рок, а на радарот се и Алекс Грималдо и Рафаел Гереиро.

„Тутоспорт“, потсетува дека на двајцата играчи договорите со Бенфика, односно Борусија Дортмунд им истекуваат на крајот од сезоната. Во Јувентус се надеваат дека ќе постигнат договор со еден од нив пред да почнат преговори со своите клубови во јануари, за да обезбедат бесплатно засилување.

Scroll to Top