Top Sport

Јувентус со двајца играчи повеќе во 96.минута освои бод против Болоња

Фудбалерите на Јувентус и Болоња одиграа 1.1 во 33.коло, во Серија А. „Старата дама“ до бод дојде во 96.минута со голот на Душан Влаховиќ.

Болоња одигра храбро против фаворитот, кој во текот на натпреварот не успеа да реализира неколку добри шанси.

Марко Аранутовиќ ги шокираше играчите и навивачите на Јувентус, кога во 52.минута го совлада Шчесни.

Клучниот момент се случи во 82.минута, кога по прегледувањето на ВАР, судијата Саки исклучи двајца играчи на Болоња. Сумаоро бидејќи го спречи Мората во изгледна позиција за постигнување гол, а Медел поради жестоки протести.

Од тој момент Јувентус изврши опсада на голот на Болоња. Во 96.минута Влаховиќ по додавањето од Мората го постави конечниот резултат.

Јувентус се четврти на табелата со 63 бода, три повеќе од Рома која има натпревар помалку. Болоња се наоѓа на 13.место со 38 бода и е далеку од опасната зона.

Scroll to Top