Top Sport

Јувентус: Соработуваме со истрагата, сите работи во клубот се законски

Јувентус и официјално се јави со соопштение дека соработуваат со истрагата за финансиски малверзации и се сигурни дека нивната позиција ќе биде потврдена како целосно законска по најновиот скандал кој го потресува италијанскиот фудбал.

На лошата форма на „старата дама“ се надоврза истрагата за лажно водење на сметководството во клубот за која главни ликови се претседателот Андреа Ањели, заедно со сегашниот и поранешниот директор на клубот, Павел Недвед и Фабио Паратичи (кој сега е во Тотенхем).

„Јувентус потврдува дека јавните обвинители во Торино почнаа со истрага за компанијата и дел од сегашните официјални лица (Андреа Ањели, Павел Недвед и Стефано Черато) и поранешни официјални лица за приходи од продажба и регистрација на играчи. Компанијата соработува со истрагата и е сигурна дека ќе се разјаснат сите моменти и ќе се потврди дека се работело под потребните регулативи и според интернационалната практика во фудбалската индустрија“, се вели во објавата на клубот.

Под истрага економските односи помеѓу Јувентус и Роналдо

Scroll to Top