Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус планираат да го донесат голманот на Милан Џанлуиџи Донарума нудејќи им го на „росонерите“, Мерих Демирал или Даниеле Ругани.
Донарума има 19 месеци од договорот со Милан, а шпекулациите велеа дека ќе побара зголемување на годишната плата од 6 милиони евра, и не е јасно дали „росонерите“ се подготвени да ја дадат оваа сума.
Според „Ла газета дело спорт“ ова е јасен знак за Јуве да продолжат со обидите да го добијат голманот, откако спортскиот директор Фабио Паратичи подолго време работи на убедување на младиот фудбалер.
Моментално, во Торино главен голман е Полјакот Војчех Шчесни, кој има договор до јуни 2021 година.