Top Sport

Јунајтед очајно сакаат да им го продадат Санчез на Интер за само 25 милиони фунти

Манчестер јунајтед се очајни да го продадат Алексис Санчез на Интер за да можат да тргнат во „лов“ на норвешкиот талент Ерлинг Браут Халанд од Салцбург, јавува „Атлетик“.

Интер го добија Чилеанецот како позајмен фудбалер во август, по што неговиот малер продолжи и тој доби повреда на тетивата и ќе паузира најмалку до јануари. Ова не ги спречува Јунајтед да преговараат со Интер за продажба на фудбалерот кој беше најавен како голема ѕвезда при пристигнувањето на „Олд Трафорд“, но ги разочара навивачите.

Главната мета на Оле Гунар Солскјер е неговиот норвешки сонародник Халанд, и менаџерот дури го пратил својот „личен скаут“ да ги следи сите натпревари на Халанд со Салцбург. 19-годишниот талент е еден од најпосакуваните млади фудбалери во Европа, а за него имаше интерес и во Јувентус и Наполи.

Овој трансфер би бил остварен во текот на летото, така што Марио Манџукиќ останува најреална опција за решавање на проблемите со нападот на Јунајтед во јануари.

Scroll to Top