Според порталот „Гол“, Јувентус се сериозно заинтересирани да го ангажираат напаѓачот на Фиорентина, Федерико Киеза, за кого се во игра и неколку клуба од Премиер лигата, како Ливерпул и Челси.
21-годишниот Киеза, синот на поранешниот италијански репрезентативец Енрико Киеза, игра за Фиорентина, еден од најлутите ривали на Јувентус на теренот и меѓу навивачите, но ова не би претставувало проблем за управата на Виола, секако доколку понудата е добра.
Јувентус го добија Федерико Бернардески од Фиренца во летото 2017 година, и сега се очекува сумата да биде дури повисока од 40-те милиони евра кои ги платија за Бернардески. Семејството Ла Вале би се одвоило од Киеза за сума од околу 60-70 милиони евра.