Top Sport

Осум години затвор за напаѓачот на Квитова, која во понеделник може да е број 1

Човекот кој ја нападна двократната шампионка од Вимблдон, Петра Квитова со нож во нејзиниот дом во Простејов, Чешката Република во декември 2016 година, доби осум години затвор.

33-годишниот Радим Зондра, кој моментално е во затвор поради друг прекршок, беше осуден во судот во Брно поради сериозен физички напад и нелегално влегување во станот на Квитова.

29-годишната Квитова доби исеченици на нејзината лева рака (со која игра тенис) во борбата со натрапникот во нејзиниот дом, откако тој тврдел дека е мајстор кој ги проверува бојлерите во зградата.

И покрај прогнозите на лекарите дека таа нема да може да продолжи со тенисот и може да ги загуби прстите, Чехинката, која победи на Вимблдон во 2011 и 2014 година, успешно се врати на терените и во понеделник дури може да стане новата светска тенисерка број 1 во зависност од резултатита на Мајами опен, каде што игра со Ешли Барти во четврт-финалето.

Scroll to Top