Top Sport

Јувентус во јануари ќе тргнат по Погба

Јувентус го обновиле интересот за Пол Погба. Челниците на „старата дама“ биле подготвени да го врата Погба во јануарскиот преоден рок, барем така тврдат некои италијански медиуми.

Јувентус сакале да го засилат редот за врска за да ја нападнат титулата во Лигата на шампионите, а се шпекулира дека Погба имал голема желба да го напушти Манчестер Јунајтед.

Од Торино ќе испрателе понуда која тешко дека ќе ја прифатат на „Олд Трафорд“. Имено, Јувентус ќе понуделе 50 милиони евра и еден од овие четворица играчи: Марио Манџукиќ, Даниеле Ругани, Емре Џан и Блез Матуиди.

Пол Погба токму од Јувентус се пресели во Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ за трансферот издвоија 105 милиони евра.

Scroll to Top