Top Sport

Мурињо бил на преговори во Минхен

Челниците на Баерн Минхен ја завршиле првата рунда на преговори со Жозе Мурињо, кој е еден од кандидатите за нов тренер на најтрофејниот германски клуб.

Мурињо бил заинтересиран за работата во Минхен но под негови услови. Германските медиуми објавија дека Португалецот барал три годишен договор, до јуни 2022 година.

Челниците на Баерн побарале време да размислат околу неговото барање, а според „Скај Спорт“ во наредните денови тие ќе разговарале со уште неколкумина кандидати. Од трката за тренер на Баерн отпаднал Арсен Венгер.

Се очекува наследникот на Нико Ковач во Минхен да биде промовиран по репрезентативната пауза.

Scroll to Top