Top Sport

Јувентус за Пјаниќ преговара и со Челси

Челниците на Јувентус ги прекинале преговорите со Барселона околу трансферот на Мирлем Пјаниќ, пишува „Гардијан“. Според овој извор Јувентус започнале преговори со Челси. Од Торино на „сините“ им понудиле едноставна размена Пјаниќ за Жоржињо.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина ги договорил личните услови со Барселона, доколку се пресели на „Ноу Камп“ ќе потпише четири годишен договор за годишна плата од осум милиони евра.

Трансферот на Пјаниќ зависи од Артур Мело, а тој нема намера од Барселона да се пресели во Јувентус.

Поради тоа од Јувентус решиле да им се обратат на Челси. Жоржњо е миленик на тренерот на Јуве Мауруцио Сари и клучен играч за спроеведување на неговите замисли на теренот.

Инаку покрај Барселона и Челси за Пјаниќ е заинтересиран и Пари Сен Жермен.

Scroll to Top