Top Sport

Јувентус знаеле дека Ругани е заразен пред мечот со Интер?

Девојката на Даниеле Ругани, првиот заразен фудбалер на Јувентус со коронавирусот, тврди дека во клубот знаеле дека тој е позитивен на вирусот КОВИД-19.

Микела Персико рекла дека Ругани бил тестиран на денот на натпреварот со Интер, 8 март, а резултатите клубот ги соопштил три дена подоцна.

Повикувајќи се на нејзината информација италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус ја сокриле информацијата само за да го одиграат дербито со Интер и дека поради тоа Ругани бил на клупата за резерви.

Поради ова Италија би можел да ја стресе нов скандал. Медиумите тврдат дека Јувентус со намера ја сокриле информацијата, целта им била да го одиграат мечот, да се вратат на првото место на табелата со што би ја обезбедиле титулата доколку првенството биде прекинато.

Според овие извори Јувентус на 11 март објавиле дека тестот е направен тој ден и дека Ругани е заразен со коронавирусот.

Персико тврди дека Ругани на 8 март самиот побарал да биде тестиран, а дека резултатите пристигнале три дена подоцна.

„Се врати од тренингот бидејќи не се чувствуваше добро. Имаше температура, а во клубот им кажал дека ќе преноќи на друго место, за да не биде во карантинот со останатие играчи. Наредниот ден се чувствуваше подобро, а клубот го тестираше. Сигурно знам дека е тестиран на 8 март. Јас бев на тестирање на 16 март“, рекла Персикло.

За потсетување, Даниеле Ругани беше првиот заразен фудбалер во Серија А.

Scroll to Top