Top Sport

Нани: Сѐ што знае Роналдо го научи од мене

Луис Нани и Кристијано Роналдо долги години беа соиграчи во Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Португалија. Роналдо е еден од најдобрите играчи на сите времиња, а Нани смело тврди дека тој е заслужен за успехот на сонародникот.

Нани избрал најдобар тим составен од пет играчи. Покрај Роналдо во тимот се уште Давид Де Хеа, Деко, Пол Сколс и Бруно Алвеш.

„Брзиот чекор и сите останати вештини Роналдо во младоста ги научи од мене. Тој тоа го знае“, рекол Нани.

„Голман е Де Хеа. Одличен играч и еден од најдобрите во светот, но мора секогаш да носи наочари без нив ништо не гледа.“

За Деко рекол дека е негови идол, дека Бруно Алвеш бил како разурнувач во одбраната, додека Сколс бил брилијантен играч со одлична визија.

Scroll to Top