Top Sport

Јужна Африка е 23-от учесник на СП

Фудбалската репрезентација на Јужна Африка е 23-та репрезентација, која обезбеди место на Светското првенство следната година во Канада, САД и Мексико.

Јужна Африка пласманот го избори со победата од 3:0 над Руанда дома во 10-то коло од мундијалските квалификации.

Головите на Таленте Мбате, Освин Аполис и Евидес Макгопе и ја донесоа победата на „бафана бафана“.

Јужна Африка го престигна Бенин во последното коло и го освои првото место во групата Ц.

На крајот, Бенин ги загуби сите шанси да биде на Светското првенство, откако загуби во последното коло од Нигерија со 3:0 и падна на третото место поради помала гол-разлика.

Јужна Африка ќе игра на Светското првенство за прв пат откако беше домаќин на натпреварувањето во 2010 година.

Scroll to Top