Јужна Кореја стана втората азиска репрезентација покрај Иран која обезбеди пласман на Светското првенство во Катар, откако обезбедија едно од првите две места во групата А со 2:0 победа над Сирија.
Иран и Јужна Кореја одат на Мундијалот од групата А, и останува да се одреди само третото место, кое ќе води во бараж, додека во групата Б откако Јапонија со 2:0 ја совлада Саудиска Арабија, а Австралија одигра само 2:2 против Оман, Јапонците се со најголеми шанси за пласман. Без Сон Хеунг-Мин, Јужнокорејците беа предводени од Ли Џеј-Сунг, кој постигна два гола за победата
Јапонија ја прекина низата на Саудиска Арабија од 6 победи и 1 реми во последните седум меча, откако Такуми Минамино и Јунја Ито постигнаа голови за голема победа, која ги носи Јапонците на поен зад Саудиска Арабија.