Top Sport

Ракитиќ: Уживав во Барса, но „дома“ секогаш ќе биде Севилја

Иван Ракитиќ вели дека уживал во шесте сезони во Барселона, но дека за него секогаш домот ќе биде во Севилја.

Хрватскиот репрезентативец, кој е роден во Швајцарија, пристигна во Севилја во 2011 од Шалке, и помина три сезони на „Санчез Писхуан“ пред во 2014 година да се пресели во Каталонија, каде што освои еден куп трофеи, вклучувајќи ја тројната титула во првата сезона, пред во 2020 да се врати во Севилја. Тој зборува шпански со андалузиски акцент, а неговата сопруга Ракел е родена во градот.

„Беше фантастично во Барселона, но кога ќе зборувам за дома, тогаш тоа го кажувам само за Севилја“, вели 32-годишниот Ракитиќ пред мечот со Динамо Загреб во Лига Европа на 17 февруари.

Scroll to Top