Top Sport

Јужно-американците ќе и се приклучат на Лигата на нации

УЕФА на чело со Александар Чеферин одлучи десет репрезентации од Јужна Америка да се приклучат на Лигата на нации од 2024 година. Околу учеството на националните тимови од Јужна Америка во ова европско натпреварување, УЕФА и КОНМЕБОЛ водеа долги преговори.

Пред да ја донесат оваа одлука, УЕФА и КОНМЕБОЛ потпишаа Меморандум за разбирање, поточно го продолжија постоечкиот до јуни 2028 година.

Се уште се чека официјална потврда двете федерации да ја потврдат оваа одлука, но англиските медиуми пренесуваат дека практично се е договорено и дека потврдата се очекува во секој момент.

Така, ако им се верува на англиските медиуми, десет репрезентации од Јужна Америка ќе учествуваат во Лигата на нации од 2024 година.

„Од 2024 година КОНМЕБОЛ ќе се приклучи на Лигата на нации. Се уште не знаеме каков ќе биде системот на натпреварување, но тоа ќе се случи“, им изјавил неименуван извор на англиските медиуми.

„Потпишан е меморандум и она што е сигурно е дека на ова натпреварување ќе се приклучат екипи од Јужна Америка“.

Прашање е како на ова ќе реагира Светската куќа на фудбалот ФИФА, бидејќи УЕФА и КОНМЕБОЛ, беа најголеми противници на идејата светските првенства да почнат да се одржуваат на секои две години.

Scroll to Top