Двајца фудбалери од Јужна Африка, се првите позитивни на коронавирусот во Олимпиското село во Токио.
Фудбалската асоцијација на Јужна Африка, потврди дека позитивни на вирусот ковид-19 се Табисо Моњане и Комохело Махлатси. Покрај нив позитивен бил и членот на стручниот штаб, Марио Масха.
Остатокот од тимот се наоѓа во карантин и ги чека резултатите од дополнителните тестирања.
Организаторот објави дека досега тестовите на десет спортисти покажале дека се позитивни на ковид-19.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23.јули до 8.август.