Иако се веруваше дека работата е завршена и дека Тијаго Силва ќе се врати во Серија А со тимот на Фиорентина, новите шпекулации велат дека тој бил понуден на Челси, а на крајот останува и можноста да го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен.
Капитенот на ПСЖ се согласи привремено да го продолжи договорот и да игра во Лигата на шампионите, каде што во недела клубот игра во финалето со Баерн Минхен, и се веруваше дека ќе потпише со клуб од Серија А, каде што порано играше во Милан.
35-годишниот Бразилец помина осум сезони во Париз, освојувајќи седум француски титули, но не се договори за обновување на договорот.
„Бидејќи играв против Аталанта во Лигата на шампионите не бев сигурен дали тоа е мојот последен меч или ќе имам шанса за уште еден. Смирен сум и ако ова биде мојот последен меч за ПСЖ ќе бидам среќен бидејќи го дадов мојот максимум. Ако можам да продолжам да играм за клубот, ќе разговараме, но најважно е да го освоиме трофејот“, вели Силва.