Top Sport

ММА фајтер се правеше „фраер“ па доби супер-нокаут

Чешкиот фајтер Роман Дик мислеше дека победата веќе е негова кога го предизвикуваше својот противник, Грузиецот Леван Макашвили спуштајќи го гардот, за секунди подоцна да добие спектакуларен нокаут.

Во меч од руската ММА серија „АЦА 109“ во Полска, Дик беше блиску до својата победа во деби мечот, и реши да го „притисне“ противникот до кафезот, одејќи кон него со спуштени раце и го доби тоа што не го посакуваше.

Совршен пример за славната изјава на Мајк Тајсон: „Сите имаат план, додека не добијат удар во лице“.

Scroll to Top