Шпекулациите дека Антоан Гризман не е среќен во Атлетико Мадрид се сè почести, а се базирани на скромниот голгетерскиот учинок на Французинот. Гризман од почетокот на сезоната има постигнато само два гола во Ла Лига и еден во Лигата на шампионите, премалку за неговите стандарди.
Фотографот на „Марка“, Анхел Риверо, го фати „необичниот“ момент во кој Гризман си заминува од соиграчите при групната фотографија пред дуелот со Депортиво Ла Коруња. Атлетико стигна до минимална 1:0 гостинска победа.