Top Sport

НБА: Блесок на Прозингис, Лилард, Бил

Кристапс Прозингис е еден од играчите кои блескаат на почетокот на новата сезона во НБА лигата. Летонецот го предводеше Њујорк Никс до триумф над Индијана Пејсерс 108:101.

Њујорк со голем пресврт славеше над Пејсерси, откако надомести негатива од 19 поени. Летонецот постигна рекордни во кариерата 40 поени, на кои придодаде 8 скока и 6 блокади.

Блескава вечер имаше и плејмејкерот на Портланд Демијан Лилард кој со 36 поени и 13 асистенции го предводеше тимот до троимф над Оклахома Сити Тандер 103:99. Голема помош Лилард доби од Јусуф Нуркиќ (25 поени, 8 скока) и Си Џеј Мекалум (22 поени).

Кај Оклахома се истакнаа Пол Џорџ со 27 и Расел Вестбрук со 25 поени.

Бостон во Орландо го деби дербиот на Истокот 104:88. Бостон со тимска игра стигна до победата. Шестмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Џејлен Браун со 18 поени, додека Ал Хорфорд оствари „дабл-дабл“ од 14 поени и 10 скока. Орландо го предводеа Ерон Гордон со 18 поени, односно Никола Вучевиќ со 13 поени, 10 скока и 7 асистенции.

Вашингтон благодарение на брилијантниот Бредли Бил (38 поени) славеше во дуелот со Торонто 107:96. Во тимот на Вишингтон го немаше Џон Вол, кој има повреда на рамото. Демар Дерозан со 26 коша беше најефикасен кај Торонто.

Сан Антонио лесно се справи со Феникс (112:95), а тренерот Грег Поповиќ го забележа 1155 триумф во кариерата. Поповиќ со оваа победа на вечната листа го мина Фил Џексон.

Ламаркус Олдриџ со 21 поен беше најефикасен играч на Сан Антонио.

Scroll to Top