Top Sport

Нема тренинг во Лејк Луис поради премногу снег

Првиот тренинг за првиот спуст од новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање во канадскиот ски-центар Лејк Луис беше откажан поради силните врнежи на снег и превисоките температури.

На програмата има уште два тренинга – во четврток и петок, додека првиот спуст е закажан за во сабота, по што во недела на програмата е супер-џи трка.

Канадскиот ски центар на Карпестите Планини е традиционално место за старт на брзинските трки од Светскиот куп, но последните години лошото време предизвикуваше неолку откажувања. Мината година првпат по 29 години немаше снег и трките беа откажани.

Scroll to Top