Top Sport

Кадена СЕР: Реал му поставил ултиматум на Мбапе

Доколку Килијан Мбапе (24) одлучи да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен на најмалку една година, засекогаш ќе биде избришан од списокот на засилувања на Реал Мадрид, објави мадридско радио „Кадена СЕР“.

Станицата која заедно со „Марка“ и „Ас“ ги има најсигурните извори на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и во својата програма редовно ги вклучува функционерите на славниот клуб, меѓу кои и претседателот Флорентино Перез, денеска објави дека во Мадрид се свесни за преговорите што Мбапе ги води со ПСЖ, за продолжување на соработката и дека Перез и неговите соработници донесоа голема одлука дека нема да платат ниту цент за играчот што го чекаат две години.

Толку долго што во сезоната 2023/24 тренерот Карло Анчелоти доби опција да игра или без напаѓач или со Хоселу или Брахим Дијаз.

Мбапе минатата пролет го известил претседателот на Пари Сен Жермен Насер Ал Хелаифи дека нема да го продолжи договорот со клубот. Му соопшти или да го продаде или да замине како слободен играч во наредниот преоден рок. Поради ова челниците на Реал решија да не донесат замена за Карим Бензема.

Потценување е да се каже дека писмото на Мбапе не беше добро прифатено во Париз, започна контраофанзива, играчот извесно време тренираше одвоено од тимот, но двете страни во меѓувреме бараат „заедбички јазик“.

Реал Мадрид многу паментоно врши смена на генерациите, ги продолжи договорите со Винисиус, Родриго, Едер Милитао и Камавинга. Минатото лето клубот го ангажираше Џуд Белингем и сега според планот на Перез недостаува уште само Мбапе.

Scroll to Top