Top Sport

Кадиз ја прекина добрата серија на Валенсија

По двете победи во низа по кои навивачите на Валенсија се понадеваа дека опстанокот во Ла лига е сосема реална цел, „лилјаците“ беа спуштени на земја по 2:1 поразот на гостувањето кај Кадиз, уште еден тим кој се бори да ја избегне „сегунда“.

Гонзало Ескаланте ги донесе Кадиз во водство во 33. минута, пред Серхио Гвардиола во 46. минута осигура 2:0 водство за домаќините, за Валенсија да ја врати надежта во 51. минута преку Самуел Лино. И покрај ова, тие не успеаја да осигураат барем поен во финишот на мечот.

Кадиз со трите поени се искачуваат на 14. место на табелата со 35 поени, два повеќе од Валенсија кои се на 17. место со само два поени пред Хетафе, кои имаат и меч помалку.

Scroll to Top