Top Sport

(Видео) Кадиз со минималец ја отвори сезоната во Ла лига

Кадиз ја забележа првата победа во новата сезона во шпанската Ла лига, откако дома со минимални 1:0 ги совладаа повратниците во елитата, Алавес.

Човек на одлука беше Федерико Сан Еметерио, кој уште во 7. минута ги донесе домаќините во водство, за потоа во цврст меч со малку шанси и многу физичка игра да издржат за три поени. Кадиз останаа со играч помалку во 88. минута по црвениот картон за Гонзало Ескаланте, но на крајот освоија три поени.

Првото коло во Ла лига се комплетира со мечот Атлетико Мадрид-Гранада.

Scroll to Top