Top Sport

Кафу: Најдобар со кого играв е Роналдињо, најдобар против кого играв е Зидан

Еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот, Маркос Евангелиста де Мораиш, познат како Кафу, во интервју за „Дејли Мејл“, открил кој е најдобриот играч со кого играл и кој е најдобриот играч против кого играл…

Најдобрите денови во кариерата Кафу ги минал во Рома и Милан. Ги освоил сите клупски титули, а како капитен го предводеше Бразил до светската титула во 2002 година, на првенството во Јапонија и Јужна Кореја.

„Најдобри десни бекови денес се Дани Алвеш, Дани Карвахал и Данило. Тоа е моето мислење“, рекол Кафу.

Интересно е неговото мислење околу најдобриот играч со кого имал можност да игра.

„Имав можност да играм со многу сјајни фудбалери, доколку морам еден од нив посебно да издвојам, тогаш тоа е Роналдињо“, рекол Кафу, а потоа посочил кој е најдобриот против кого имал можност да игра.

„Зинедин Зидан. Едноставно тој беше фантастичен“.

Scroll to Top