Top Sport

Канте ќе остане во Челси уште пет години

Фудбалскиот клуб Челси, во петокот, објави дека Нголо Канте го продолжил договорот. Францускиот репрезентативец ќе остане на „Стенфорд Бриџ“ и во наредните пет години, односно до 2023 година.

„Среќен сум што го продолжив договорот со Челси. Зад мене се две прекрасни години, а веќе им се радувам на годините што доаѓаат. Откако дојдов тука целосно напредував како играч. Добив некои награди за кои никогаш не помислував дека можам да ги добијам“, изјавил за клупската интернет страница, Канте.

Клубот не ги објави финансиските детали од новиот договор, но англиските медиуми уште пред неколку дена шпекулираа дека тој неделно ќе заработува 290.000 фунти, што го прави еден од нај платените играчи во историјата на Челси.

Scroll to Top