Бразичската легенда Кафу влезе во одбрана на Нејмар откако тој и Бразил излетаа во четврт-финалето на Мундијалот во Русија по поразот од Белгија.
Иако беа први фаворити за трофејот, а Нејмар прв фаворит за најдобар фудбалер на првенството, ѕвездата на Пари Сен-Жермен беше под удар на критиките поради слабите игри, но и големиот број на „симулации“ на теренот.
Кафу, сега застана во одбрана на сонародникот, велејќи дека тој е „најголемото бразилско откритие последните 10 години“.
„Нејмар е ас и очекувавме да направи поинакви работи на теренот во Русија. Тоа е нормално, и нормално е сите критики да одат на негова сметка. Дали тој беше на нивото кое го очекувавме? Не. Сите беа на пониско ниво од очекуваното. Имаме голем фудбалер, најголемо откритие во последните 10 години, и еден од најголемите во историјата. Сакам да го гледаме среќен бидејќи тоа е добро и за бразилскиот фудбал. Знае што се случило и сега мора да оди напред“, вели Кафу во интервју за „О Глобо“.
Фото: ЕПА