Top Sport

Каиседо им донесе нови три поени на Лацио (видео)

Лацио останува во „трката“ за топ 4 пласман во Серија А, откако извлече 1:0 победа на тешкото гостување кај Фросиноне.

Со победата на „Бенито Стирпе“, тимот на Симоне Инзаги се израмнува со бројот на поени со петтопласираниот градски ривал Рома, на само еден поен од четвртопласираниот Милан, а триумфот доаѓа по драматичното елиминирање на Интер во четврт-финалето на Копа Италија во четвртокот.

По 25 минути игра, Фросиноне доби пенал откако Бастос го држеше Камило Чано, кој додека чекаше на белата точка да го изведе пеналот, судијата ја проверуваше ВАР снимката и реши дека нема фаул за пенал.

Наместо тоа, Лацио дојде во водство откако Луис Алберто убаво истрча и го пронајде Фелипе Каиседо, кој со убав удар со левата нога донесе важни поени за „лацијалите“.

Тимот од Фросиноне останува на претпоследното место во Серија А со само 13 поени, пет помалку од безбедната зона.

Фото: ЕПА

Scroll to Top