Top Sport

Кај Ротердам пронајден дел од исчезнатиот авион

Во морето кај холандскиот град Ротердам, бил пронајден дел од авион за кој се претпоставува дека е од авионот во кој бил фудбалерот Емилијано Сала.

Делот бил пронајден на плажата Масвлакте, околу 700 километри од местото каде вчера, истражителите кои ги работат за семејството на Сала, пронашле делови од седиштето.

„Не ја исклучуваме ниту една опција, но пронајдениот дел може да биде и од некој брод“, рекол портпаролот на холандската полиција.

Фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон исчезнаа минатиот понеделник над Ламанш. Сала летал од Нант кон Кардиф каде требало да им се приклучи на новите соиграчи.

Потрагата по авионот „Пајпер Малубу“ траеше три дена, по што властите решија да ја прекинат. Пред два дена семејството на Сала со подморница започна приватна потрага.

Scroll to Top