Фудбалерот на Манчестер сити, Кајл Вокер ја избриша контроверзната порака на Твитер со која се потсмеваше со Ливерпул и нивната неспособност да ги победат Лестер сити и да ја зголемат предноста на врвот на табелата во Премиер лигата на седум поени.
„Црвените“ одиграа 1:1 со Лестер во средата навечер, со што имаат пет поени пред Сити, кои 24 часа претходно загубија со 2:1 од Њукасл. Вокер, со фотографија на колегата од англиската репрезентација и стрелец на голот за Лестер, Хери Мегвајр напиша: „Во основа, тие мислеа дека ќе имаат 7 поени предност“.
Со ова се зголемува ривалството меѓу клубовите кои засега изгледаат како единствените кандидати за англиската круна. Сепак, Вокер не треба многу да се опушта, посебно бидејќи Сити ги очекува тежок распоред – прво играат со Арсенал во недела, со Евертон следната среда, а потоа со Челси.
Фото: ЕПА/Твитер