Top Sport

Вардар со победа кај Војводина ја тргна 2019, нијанси решаваа за победникот

Македонскиот ракометен шампион со победа ја започна 2019 година во рамки на СЕХА лигата. „Црвено-црните“ со гостинска победа од 23-26 кај Војводина, потешко од очекувањата, продолжија со доминацијата во регионалното натпреварување, па сега имаат 12 победи од 14 меча.

Војводина се покажа како достоен противник, на полувремето имаше и водство од 14-13.

Израмнето беше и во вториот дел, се до финишот кога Вардар се одлепи со 3 гола и забележа нов триумф.

Хрватот Иван Чупиќ беше најефикасен на мечот, со 8 гола, додека Скубе постигна 7, Криштопанс 6, а силна поддршка имаа и на голманската позиција каде Милосављев запиша 12 интервенции.

Вардар е прв на табелата во СЕХА со 36 бода, а втората позиција ја делат Нексе и Загреб со по 33 бода.

Во продолжение и одбраната на Милосављев која се чини ги откажа домаќините дека можат да дојдат до изненадување:

Scroll to Top