Поранешниот четирикратен германски шампион, Кајзерслаутерн првпат во својата 118-годишна историја испадна во третата лига, откако во петокот загубија со 3:2 на гостувањето кај Арминија Билефелд.
Во драматична завршница, Кајзерслаутерн водеше со 2:0 до 54. минута од мечот во Билефелд, но во 61. минута останаа со играч помалку, и примија три гола, од кои последниот во 93. минута.
Со овој резултат, тимот е на последното место во втората Бундеслига со 29 поени, осум помалку од Санкт Паули, кој е на 16. место, кое води во плеј-офот за опстанок.
Кајзерслаутерн беше германски шампион во 1951, 1953, 1991 и 1998 година, а последен пат играше во Бундеслигата во 2011/12.
Der 1. FC #Kaiserslautern steht nach der Niederlage gegen Bielefeld als erster Absteiger der 2. #Bundesliga fest. Kopf hoch, @Rote_Teufel! Wir sind uns sicher, dass wir uns bald wiedersehen werden! ? pic.twitter.com/EZ6hCTYpw7
— BUNDESLIGA (@Bundesliga_DE) April 27, 2018