Top Sport

Кака е сигурен дека Реал ќе освојат трофеј оваа сезона

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Рикардо Кака, смета дека неговиот поранеше клуб ќе освои барем еден трофеј оваа сезона. Во периодот кога од сите страни го критикуваат „кралскиот клуб“ една ваква поддршка може многу да им значи на фудбалерите и тренерот Зинедин Зидан.

Реал од почетокот на сезоната има две победи и две нерешени во Ла Лига и пораз во Лигата на шампионите. Ваквиот скор сигурно е далеку од клупските амбиции.

„Во Реал секогаш мора да се освои титула. Поради тоа Зидан е под притисок, мора да освои нешто Ла Лига или Лигата на шампионите. Овие две натпреварувања се најважни за клубот и навивачите. Зидан тоа го знае. Мислам дека Реал има одличен тим и неверојатен тренер, подготвени се да освојат трофеј оваа сезона“, рекол Кака.

Рикардо Кака со Реал во сезоната 2011/2012 ја освоил Ла Лига

Scroll to Top