Top Sport

Јунајтед нудат 50 милиони евра за Онана, Де Хеа ќе „извиси“

Манчестер јунајтед ја зголемиле понудата за голманот на Интер, Андре Онана на 45 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси и договорот е пред реализација тврди „ЕСПН“, со што ќе биде запечатено заминувањето на Давид де Хеа по повеќе од една деценија на голот на „ѓаволите“.

Оваа понуда доаѓа откако првата за 40 милиони евра беше одбиена од Интер, но Тен Хаг има доверба во камерунскиот голман со кого работеше во Ајакс.

Јунајтед претходно ја повлекоа понудата за нов договор за Давид де Хеа, очекувајќи тој да се согласи да игра за уште помала плата, но нејасно е дали Шпанецот би прифатил да биде број 2 голман зад 27-годишниот Онана.

Јунајтед веќе го земаа Мејсон Маунт од Челси за 50 милиони фунти, но имаат ограничен буџет за трансфери од 100 до 150 милиони фунти, а имаат план да се засилат со напаѓач со Расмус Хојлунд од Аталанта како главна цел.

Scroll to Top