Top Sport

Како Аргентина може да се „протне“ во осминафинале?

По катастрофалниот пораз на Аргентина против Хрватска, шансите за пласман на „албиселесте“ во осминафиналето на Мундијалот веќе не зависат само од нив, туку најмногу од утрешниот меч меѓу Исланд и Нигерија.

Во основа три работи мораат да се случат:

– Исланд да изгуби или да одигра нерешено со Нигерија.

– Потоа, Хрватска да го победи или да одигра нерешено со Исланд.

– И, нормално, Аргентина да ја совлада Нигерија.

Ако Исланд победи утре, тогаш Аргентина уште не ги загубила шансите, но за тоа ќе треба да ја победат Нигерија и Исланд да загуби од Хрватска, а мораат да имаат и подобра гол-разлика, што по 0:3 против Хрватска е тежок предизвик.

Ако имаат идентична гол-разлика, тогаш прво се гледаат жолтите картони, а Аргентина собра доста досега.

Ако ништо од ова погоре не се случи, Аргентина си оди дома.

Scroll to Top