Top Sport

Модриќ: Совршен натпревар, ни се отвори!

Хрватска е во фудбалски транс, невиден од славната генерација од 1998 година, и капитенот Лука Модриќ е презадоволен од импресивната 3:0 победа над бледата Аргентина, инаку актуелен вице-шампион на светот.

„Што да се каже, мислам дека одигравме како што сакаме, совршен натрпевар, посебно во второто полувреме. Против Аргентина за да победиш мораш да имаш совршен натпревар. Фала му на Бога, имавме три прекрасни голови. Денеска ни се отвори! Што е најважно, одигравме голем натпревар во сите 90 минути и ја исполнивме првата цел, сега ќе мислиме на осминафиналето“, изјави Модриќ, кој го постигна вториот гол за Хрватска со фантастичен удар од двасетина метри.

Фото: ЕПА

„Коцкестите“ ја понижија Аргентина и Меси! (видео)

Scroll to Top