Барселона го комплетираше трансферот на 21-годишниот Бразилец Малком од Бордо, иако тој ги имаше договорено личните услови со Рома, и се надеваат дека „грабањето“ на трансферот од рацете на италијанскиот клуб ќе се исплати, посебно бидејќи „волчицата“ најавува судска завршница.
Малком е последното бразилско засилување за Блауграна по Артур, кој дојде од Гремио и Филипе Кутињо, кој пристигна од Ливерпул во јануари. Малком, кој имаше една сензационална сезона во Европа со Бордо, е споредуван токму со Кутињо, и се веруваше дека Ливерпул го имаат „пикирано“ како замена за неговиот сонародник.
Интересот кој 21-годишниот Малком го предизвика беше зачудувачки. Повеќе премиерлигаши беа во игра, пред да изгледа дека Рома го има обезбедно трансферот, пред да дојде Барселона со 41 милиони евра со петгодишен договор. Инаку, Бордо потпиша со Малком од Коринтијанс за само 5 милиони евра во јануари 2016 година.
Во Рим се лути, и спортскиот директор на Рома, Мончи призна дека размислуваат за судска завршница.
„Навистина ми е жал за тоа што се случи, но ние верувавме дека имавме легитимен договор со Бордо, а потоа понудивме и повеќе пари за трансферот да се заврши. Кога преговорите станаа аукција, претседателот Џејмс Палота реши да се повлече. Ако некој сака да дојде во Рома, тогаш е супер, но на крајот ако не сакаат, тогаш нема зошто да се мачиме. Во клубот ги разгледуваме опциите и мислам дека имаме основа за легален случај. Ништп не беше потпишано, тоа е точно, но има многу пораки од агентите и од нивниот претседател“, вели Мончи.
“What happened is easy to explain – but hard to understand.”
Sporting director Monchi gives his perspective on the Malcom saga… #ASRoma pic.twitter.com/ElSG2RYZIm
— AS Roma English (@ASRomaEN) July 24, 2018
Тој потоа детално го објасни пристапот и преговорите.
„Почнавме преговори со Бордо и фудбалерот преку неговиот агент пред една недела. По три-четири дена, во 17 часот во понеделникот дојдовме до договор со него, со неговиот агент и со Бордо. Добивме дозвола тој да дојде во Рим за медицински тестови, и имаше авион во 21 часот со кој требаше да пристигне во 23 часот. Само 30 минути подоцна, претседателот на Бордо, Стефан Мартин ми се јави и ми кажа дека има многу шпекулации околу договорот и дека ќе издадат официјално соопштение, но за нас тоа не беше идеално – ние сме компанија на берзата и мора да ги почитуваме правилата. Само еден час подоцна еден од претставниците на фудбалерот ми се јави и ми кажа дека Бордо не му дозволиле на фудбалерот да патува за Рим. Кога му се јавив на Мартин, тој ми кажа дека има подобра понуда од Барселона и дека ако не ја кренеме сумата, нема да има договор. Кога му посочив дека имавме договор, тој јасно ми кажа дека нема ништо потпишано.