Top Sport

Како да станеш „фејк“ фудбалер на Јуве? Прашајте го Дионисио Фарид!

Од Мексико доаѓа една неверојатна фудбалска приказна. 19-годишниот Дионисио Фарид Родригез успеал да измами илјадници луѓе и дел од медиумите во Мексико преправајќи се дека е фудбалер на италијанскиот гигант Јувентус.

Тинејџерот го преправил својот профил на социјалните мрежи и добил над 16.000 следбеници, додавајќи фотографии како го носи дресот на „старата дама“. Покрај тоа, тој едитирал фотографија на вистинскиот фудбалер, Португалецот Жоао Серао, кој е дел од академијата на Јувентус.

Фарид давал интервјуа како фудбалер на Јувентус, објаснувајќи го своето искуство во Торино, по што бил поврзуван со фудбалските клубови Лобос БУАП и Пумас де ла УНАМ.

Scroll to Top