Top Sport

Како Де Хеа му се „дереше“ на Лук Шо!

Во неделата, Манчестер јунајтед доживеа еден од најсрамните порази во својата славна историја, откако на „Олд Трафорд“ беа поништени од Тотенхем со 1:6, во меч во кој се покажа слабоста на одбраната на „ѓаволите“.

Иако главните критики беа упатени кон капитенот Хери Мегваер, за двете интервенции кои директно донесоа до гол, по што наводно влегол во контакт со Бруно Фернандеш на полувремето, ниту Лук Шо не се покажа во најдобро светло.

За ова најдобро зборува реакцијата на Давид де Хеа, при четвртиот гол на Тотенхем, кога поради отсуството на гледачите многу јасно се слушна што му кажуваше на соиграчот.

„Лук! Не Лук! Не Лук! Трчај! Кој ти е проблемот човеку“, му порачува Де Хеа.

Scroll to Top