Top Sport

Макси Лопез: Златан ми кажа дека ќе ми ја скрши фацата

Аргентинецот Макси Лопез открива дека кога биле соиграчи со Златан Ибрахимовиќ во Милан имало интересни дуели во кои шведскиот ас му се заканувал со физичко насилство.

Лопе во моментов игра во италијанскиот третолигаш Самбенедетесе, и во интервју со аргентинскиот „ТуЦ спортс“ зборуваше за искуството со Златан во 2012 година кај „росонерите“.

„Игравме против Парма на ‘Тардини’ и додадов во шестнаесетникот за Ибрахимовиќ, но тој не се придвижи, само ја гледаше топката. Одеднаш ми се сврте и почна да вреска. За неверување беа работите кои ги кажа. Сакаше топката да му дојде пред нозе, а јас му одговорив дека додавањето беше одлично. Се вративме во соблекувалната по мечот и мислев дека ќе ми каже нешто, но остана тивок. Поминаа неколку дена и требаше да играме во Лигата на шампионите. Тој ми пријде и ми кажа: ‘Ми се допаѓаш, бидејќи вие Аргентинците имаате карактер и кажувате тоа што го мислите, за разлика од Бразилците. Но, ако го повториш тоа, ќе ти ја скршам фацата’“, открива Лопез.

Scroll to Top